26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГигантот од Волфсбург ќе отпушти 3.000 работници

Гигантот од Волфсбург ќе отпушти 3.000 работници

rabotnici vw 555

Германскиот автомобилски гигант „Volkswagen“ ќе скрати на околу 3.000 работни места во федералната република до крајот на 2017-та година, соопшти агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на двајца независни извори од компанијата. Мерката е дел од напорите на концернот да се справи со негативните финансиски последици од скандалот со манипулациите со штетните гасови.

Најголемиот автопроизводител во Европа ги намалува инвестициите за 1 милијарда евра во 2016-та година во однос на 2015-та година и прибегнување кон кратења на работните места. Покрај тоа, компанијата се обидува да се ослободи од бизнис моделите кои не придонесуваат со голем приход со цел да ги намали трошоците.

„Ројтерс“ наведува дека за „VW“ работат околу 120.000 луѓе кои се назначени во фабриките во западните провинции и во финансиските поделби. Една третина од овие позиции се во административните оддели.

Изворите на агенцијата не даваат поспецифични информации за планираните отпуштања, а прва за овие планови соопшти германската новинска агенција „DPA“.

„Брендот „Volkswagen“ ја започна програма за ефикасност, која влијае на сите сфери, вклучувајќи ги и трошоците за персонал“, рече портпаролот на компанијата.

Овие трошоци може да бидат намалени преку намалување на вработените на привремени договори, да се пополнат слободните места преку внатрешни поместувања и помалку состаноци, додава портпаролот.

Работниот совет на „VW“ не одоговорил на повиците од страна на „Ројтерс“ со молбата за коментар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП