Макпетрол АД Скопје во деловната 2015 година искажа оперативна добивка во висина од 81,7 милиони денари, добивка пред оданочување во висина од 32,1 милиони денари, односно добивка по оданочување во висина од 13,1 милиони денари.
Во овој период МАКПЕТРОЛ АД Скопје оствари вкупен приход во износ од 18,6 милијарди денари кој е помал од минатогодишниот за 1,9 милијарди денари или 9,5 и.п. Ваквото намалување на приходите се должи на ефектот од намалувањето на цените на дериватите во однос на истиот период од минатата година. Во истиот период остварени се вкупни расходи во висина од 18,4 милијарди денари што преставува намалување во однос на минатата година за 2,2 милијарди денари или 10,6 и.п. во што повторно најголем удел има намалувањето на цените на дериватите. Потребно е да се истакне дека набавната вредност на стоките со кои тргува Друштвото изнесува 16,3 милијарди денари во 2015 год и учествува со приближно 88% во искажаните вкупни приходи и расходи и е за 11 и.п. намалена во однос на 2014 год. кога изнесувала 18,4 милијарди денари. Висината на набавната вредност, во услови на искажан пораст на количествениот промет, зависи од нивото на пропишаните цени на горивата. Истите се менуваат на секој две недели во текот на годината од страна на Регулаторната комисија за енергетика.
Основни причини за искажанта добивка се:
1. Зголемување на остварената продажба на енергенси за 10 индексни поени со што е зголемен и пазарниот удел на Друштвото. Во деловната 2015 година Друштвото успеа да оствари продажба на нафтени деривати, биодизел, глицерин и природен гас во висина од 347.542 тони што претставува зголемување во однос на истиот период од минатата година кога е остварена продажба во висина од 315.480 тони. Споредбата ја даваме во следнава табела:
2. Намалени расходи од камати во однос на минатата година за 23 индексни поени;
3. Зголемени приходи од камати и курсни разлики во однос на минатата година за 34 индексни поени;
4. Намалени трошоци на суровини и други материјали за 25 индексни поени.