22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанада станa кредитор на САД за прв пат во историјата!

Канада станa кредитор на САД за прв пат во историјата!

canadian-dollar1

За прв пат во историјата, Канада е кредитор на САД, а не обратно. Американските средства во сопственост од Канаѓани во четвртиот квартал на 2015-та година, сите корпоративни превземања до портфолио инвестиции, ги надмина канадските средства во сопственост на Американци, покажуваат податоците на статистичката служба на Канада.

Лесните кредити, силните биланси и недостатокот на можности за инвестирање дома се главните фактори кои ги насочиле канадските финансиски менаџери и компании, да преминат јужно од границата, коментира „Bloomberg“. Вредноста на овие инвестиции се зголемила во последните неколку години со поскапувањето на американскиот долар. Американските инвеститори сепак не возвраќаат со истото темпо.

Канадската нето позиција на средствата во однос на САД изнесува 82,2 милијарди канадски долари (61,6 милијарди долари) во четвртиот квартал, првата позитивна вредност на земјата во историјата. Нето позиција на пасивата е во вредност од 39,9 милијарди канадски долари (30 милијарди долари) во третиот квартал. Просечната вредност на нето обврски од 1990-та година е 248 милијарди канадски долари (186,9 милијарди долари).

Тоа е сериозен пресврт меѓу двете земји. Од историска гледна точка Канада се потпира на американските инвестиции, за да ја финансира својата економија, до тој степен што имотот на САД секогаш предизвикувал спорови. Друга серија годишни податоци кои се враќаат назад до 20-тите години, покажуваат дека Канада секогаш била нето должник на САД.

can usa 3344

Вкупната канадска нето позиција на средствата кон сите земји се зголемила до 472 милијарди канадски долари во четвртиот квартал. Тоа се добри вести од гледна точка на кредитоспособноста. Колку е задолжувањето на една земја на странски лица, толку ранлива е кон финансиски шокови, а статусот на кредитор на Канада е од помош во такви моменти кога финансиските пазари се променливи, цените на суровините паѓаат, а земјата има огромен дефицит на тековната сметка, наведува новинската агенција.

„Канада имаше солидна меѓународна инвестициска позиција, на чија основа може да застане, и тоа не поддржуваше во добра состојба и сега не направи помалку ранливи“, вели Марк Чендлер, раководител на истражувањата на фиксен приход во „RBC Capital Market“ во Торонто. „Ако го немавме тоа и известување на дефицит на тековната сметка во моментов, тоа ќе беше проблем за валутата“, додава тој.

Податоците укажуваат неподготвеност за стекнување на канадски средства дури и кај најслабиот канадски долар. Директните инвестиции од САД во Канада се намалиле во последната година, а „паричниците“ со инвестиции останале речиси без промена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП