28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle стартуваше онлајн услуга за планирање на одмор (видео)

Google стартуваше онлајн услуга за планирање на одмор (видео)

gulic 33530

Планирањето на одмори и патувања може да биде прилично напордно и да одзема време. „Google“ смета дека може да го олесни тоа преку својот нов онлајн сервис „Destinations“.

„Google Destinations“ ќе дава лесен пристап до информации за цените на хотели, транспортот, настаните и ќе помага при организирањето на патувањето. За почеток ќе се нудат дестинации во Европа и постепено ќе се зголемуваат.

Корисникот ја избира крајната дестинација, а услугата автоматски покажува преку слики и информации различни правци, места за посета, хотели и друго. Селекцијата ќе се избира како со помош на алгоритми, така и преку однапред избрани предлози од стрна на вработените во „Google“.

Засега „Google Destinations“ ќе работи само од локацијата на корисникот. Сите цени на транспортот ќе се одредуваат со тоа.

За сметка на тоа за секоја дестинација ќе има и многу дополнителни информации. На пример што е вообичаеното време во различни периоди од годината, кога има најмногу туристи и друго. Ова ќе му помага на секој да го планира патувањето според личните преференци, иако „Destinations“ нема да ја игра целосно улогата на персонален водич. Основната цел на сервисот е да го олесни планирањето на главните детали за некое патување директно од смартфонот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП