12 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗМоделот Macan ќе добие подостапна верзија

Моделот Macan ќе добие подостапна верзија

mac porshe

Компанијата „Porsche“ ќе пушти на пазарот поприфатлива верзија на кросоверот „Macan“, кој е опремен со нов 4-цилиндричен бензински турбомотор.

Цената на оваа модификација на пазарот во Германија е 55.669 евра. За споредба досега најевтиниот Macan се предлагаше за сума од 60.548 евра, а тој има 3,0-литарски мотор кој има моќност од 340 КС.

Новиот мотор развива 252 КС и 370 Nm вртежен момент, а работи во комбинација со 7-степен автоматски менувач со две спојки. Забрзувањето од 0 до 100 km/h кај оваа верзија трае 6,7 секунди. А како опција се нуди специјален пакет „Sport Chrono“, со што се намалува тоа време за 0,2 секунди.

Од компанијата-производител дополнуваат дека со новиот мотор „Porsche Macan“ троши едвај 7,4 l/100 km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП