28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung Galaxy S7 е уште потежок за поправка (видео)

Samsung Galaxy S7 е уште потежок за поправка (видео)

popravka sedmica 33

Секој нареден смартфон на „Samsung“ од серијата „Galaxy“ станува се потежок за поправка.

До овој заклучок дошле од изданието „iFixIt“ каде даваат проценки на смартфоните за тоа колку лесно се поправаат. Оценката на новиот модел „Galaxy S7“ е три од десет поени.

За споредба претходниот модел од серијата – „Galaxy S6“, кој доби 4 поени, а моделот пред него „S5“ – пет од десет поени.

Најмногу лесен за поправка е моделот „Galaxy S4“ кој доби осум од десет поени. Новите модели паметни телефони, кои се одликуваат со назаменлива батерија, стануваат се потешки за поправка, коментираат од „iFixIt“.

Кај „S7“ добрата вест е дека хардверските компоненти се поделени подобро во споредба со неговиот претходник и не се позиционирани целосно во средината на уредот, коментираат од технолошкото издание.

Од „iFixIt“ им препорачуваат на корисниците да ги заштитат своите „Galaxy S7“ уреди, наместо да се соочуваат со сите тешкотии кои ќе се појават при евентуалната потреба од поправка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП