15 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКласиката никогаш не излегува од мода: Porsche 911 R (фото+видео)

Класиката никогаш не излегува од мода: Porsche 911 R (фото+видео)

klasika r 00

Ако за еден актуелен модел можеме да кажеме дека го задржал класичниот дизајн во текот на повеќе од половина век, тоа би бил „Porsche 911“. За тоа се свесни и во германската компанија, па на женевскиот саем за автомобили претставија специјална верзија „911 R“.

klasika r 01

Како и другите производители на возила и тие ги следат најновите технолошки трендови, но од „Porsche“ овој пат се одлучија да се вратат чекор наназад со цел да ја исполнат желбата на љубителите на оваа марка. Па така настана моделот „911 R“ кој е опремен со класичен атмосферски мотор и мануелен менувач.

klasika r 02

До пред десетина години појавувањето на едно вакво „Porsche“ не би залужило да се најде како информација во медиумите, но работите во автомобилската индустрија се менуваат многу брзо. Кога во 2015-та беше редизајниран „911“, компанијата се откажа од еден од заштитните знаци на овој автомобил, атмосферскиот мотор, а преднос беше дадена на турбо технологијата.

Враќањето на старо е очигледно, затоа што и надворешноста на „Porsche 911 R“ е во вид на црвени надолжни налепници и ретро натписи на страничните делови на каросеријата, а стилот продолжува и во ентериерот на возилото.

klasika r 03

Сепак, оние кои ќе го пазарат ова „Porsche“, најважна им е неговата моторизација. Автомобилот добива моќ од атмосферски 4.0-литарски шестцилиндричен „боксер“ мотор со 500 ks i 460 Nm. Наместо автоматската „PDK“ трансмисија со двојно квачило, моќта се пренесува на задните тркала со помош на шестбрзински мануелен менувач.

klasika r 04

Oд 0 дo 100 km/h забрзува за 3,8 секунди, пред да ги достигне максималните 322 km/h.

Благодарејќи на лесната конструкција, „Porsche 911 R“ е тежок само 1.370 kg. Според информациите производството ќе биде ограничено на 991 примероци кои ќе се продаваат по цена од 190.000 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП