2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАGS: Еврото ќе поевтини по одлуката на ЕЦБ

GS: Еврото ќе поевтини по одлуката на ЕЦБ

dolar evro vaga 3

Девизните стратези од американската инвестициска банка „Goldman Sachs“ ги потврдија прогнозите за паритет на еврото во однос на доларот.

Ова се случува еден ден пред состанокот на ЕЦБ, на кој експертите од „GS“ очекуваат ново намалување на каматата на депозитите со 10 базични поени и зголемување на програмата за откуп на средства од 10 милијарди долари.

Според Робин Брукс, шеф на тимот од девизни аналитичари во „Goldman Sachs“, ЕЦБ ќе треба да е многу агресивна во активностите на утрешната средба, ако сака да помине еврозоната од дефлација. Дополнителните стимулации се очекува индиректно да влијаат негативно врз еврото, кое со поевтинувањето ќе даде здив на европските извозници и да иницира раст на економијата на еврозоната.

Главниот индекс на потрошувачките цени се зголеми за 0,7% во февруари, кое беше забавување во однос на растот од 1% еден месец порано и минимално над темпото од јануари минатата година. Податоците во голема мера ја посочија ниска ефикасност на политиката на Европската централна банка, што може да ја мотивира за агресивни дејствија, според Брукс. Сегашните прогнози на „Goldman“ се за поевтинување на еврото до ниво од 95 американски центи во следните дванаесет месеци.

Пред одлуката на ЕЦБ минатиот декември, Брукс повторно предупреди дека постојат доволно индикации за тоа да се намали вредноста на еврото. Недостатокот на агресивни дејствија од страна на финансиската институција, тогаш сепак иницираше силно поскапување на единствената валута.

Ситуацијата во моментов е далеку поинаква во однос на декември, коментира Брукс. Ако банката сака навистина да ги достигне инфлациските цели, таа треба драстично да ги подигне монетарните стимулации, смета уште експертот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП