27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКој најдобро ги чува податоците на Интернет?

Кој најдобро ги чува податоците на Интернет?

gigs 33

Заштитата на онлајн податоци, особено кога станува збор за големите компании, денеска е императив на секоја сериозна компанија. „AV-TEST“, високо котираната независна огранизација за тестирање, секоја година објавува кои се најдобрите во оваа работа.

За 2015-та титулата отиде во рацете на „Symantec Endpoint Protection“ (SEP) кои понудија најдобра корпоративна безбедност на крајните точки.

Тестирањето ја оценува ефикасноста на бројни решенија за безбедност со крајни точки во реалните ситуации и против усовршените напади. Секој производ е оценет во повеќе од 1000 напади во „нулта денот“ упатени преку инфицирани „web“ страни и „e-mail“ адреси со цел мерење на способноста за целосна заштита.

Покрај тоа, „AV-TEST“ зa секој безбедносен производ мери детектирање на преку 150.000 тековни и најраспространети закани. Тоа што ја чини наградата за 2015-та година тешко достижна е и барањето да издржат напади од месец во месец, додека тие ја менуваат својата техника, постојано обидувајќи се да избегнат откривање.

Освојувањето на максималните шест бодови во зададениот месец не е премногу тешко. Предизвикот е одржување на „совршената шестка“ – тоа е знак на вистински силен, врвен производ за заштита.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП