18 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗVignale веќе има четири модели во својата гама (фото+видео)

Vignale веќе има четири модели во својата гама (фото+видео)

fv modeli2

Луксузната марка на „Ford“ – „Vignale“, веќе поседува четири модели во својата палета. Тие беа демонстрирани во Женева и ќе бидат на пазарот подоцна во оваа година.

Брендот дебитира на пазарот со својата верзија на „Mondeo“ кон која сега се приклучуваат „S-MAX“, „Edge“ и „Kuga“. Возилата се карактеризираат со повисоко ниво и уникатна опрема, изменет екстериер и богата палета на опции.

Моделите на „Vignale“ имаат ексклузивни тркала со големи димензии, хромирани детали за екстериерот и ентериерот, голем избор на уникатни решенија на бои, кабина обложена со кожа, инфо-системи за забава и многу други работи.

fv modeli1

Недостасуваат информациите за палетата на мотори, но најверојатно за верзиите на „Vignale“ ќе бидат достапни само најмоќните предлози во палетата. Кај „Mondeo Vignale“ клиентите ќе можат да избираат меѓу бензински агрегат со 240 КС и два дизели со моќност од 180 и 210 КС.

Повеќе детали ќе бидат достапни подоцна во оваа година, кога ќе се одржи пазарната премиера на новите модели „Vignale“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП