2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроширена истрагата во случајот VW

Проширена истрагата во случајот VW

вњњв

Бројот на обвинети во скандалот на германскиот автомобилски гигант Volkswagen (VW) во врска со софтверот за лажирање на извештаите за количествата штетни материи во издувните гасови на неговите дизел мотори се зголемил на 17, соопшти во вторникот државното обвинителство во германски Брауншвајг.

„Бројот на обвинетите од шест се зголеми на 17, при што ниту еден од обвинетите не е од управата на концернот“, изјави државниот обвинител Клаус Цјехе. Тие се обвинети за измами во заднината на аферата со измамничкиот софтвер за еколошките тестови.

„На истражните тела по увидот во запленетата документација им се пружа сé појасна слика за обемот на случајот“, додаде обвинителот.

Од Volkswagen ланската есен ја признаа манипулацијата со количеството издувни гасови со помош на преправен софтвер кај автомобилите наменети за пазарот во САД.

Манипулативниот софтвер е вграден во повеќе од 11 милиони автомобили ширум светот. Поради преправениот софтвер и очекуваните судски тужби, автомобилскиот концерн од Волфсбург очекува штета од неколку милијарди евра.

Работниците во централниот погон во Волфсбург во вторникот одржаа состанок на кој дискутираа за сигурноста на работните места во најголемиот погон на Volkswagen.

„Доколку одржливоста на Volkswagen поради плаќањето на големи суми биде загрозена, тоа ќе има драматични последници не само во САД, туку и во погоните ширум светот“, изјави претставникот на вработените во VW, Бернд Естерлох пред околу 20.000 присутни работници. Истовремено изрази надеж дека американските власти во однос на концернот ќе ја имаат предвид и „социјалната димензија од нивните одлуки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП