2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLindt сака да стане најголем трговец на луксузно чоколадо во светот до...

Lindt сака да стане најголем трговец на луксузно чоколадо во светот до 2020-та година

lindt 33

Швајцарскиот производител на чоколадни производи „Lindt & Sprungli“ се претвора во сериозен предизвик за белгискиот конкурент „Godiva“. Компанијата си постави за цел да стане најголемиот трговец на мало на луксузно чоколадо во светот до 2020-та година, зголемувајќи ги директните продажби кон корисниците, пишува „Bloomberg“.

Производителот на чоколадните бонбони „Lindor“ планира да отвори меѓу 20 и 30 продавници секоја година, велат од компанијата со седиште во Килхберг, Швајцарија. Во соопштението, компанијата објави дека забележала и раст на годишната добивка во согласност со оценките на аналитичарите. Компанијата ја зголеми и дивидендата за 10% до 800 франци по акција, надминувајќи ја прогнозата на „Bloomberg“ за 750 франци.

„Lindt“, кој има над 300 продавници низ целиот свет, ќе треба да го забрза својот план за проширување, за да го победи големиот конкурент „Godiva“, кој има над 450 продавници. „Lindt“ изјави дека ќе ја користи мрежата од продавници за да комуницира со клиентите, барајќи првокласни локации и нудејќи производи кои не можат да се најдат на други места. „Lindt“ има отворено 50 продавници во минатата година, вклучувајќи 16 во Бразил. Продажбата на мало, пак, се зголеми за над 20%, што е побрзо од растот на вкупната продажба на компанијата.

Производителот на чоколадното велигденско зајче во златно пакување ја потврди долгорочната прогноза за органски раст на продажбата меѓу 6 и 8%.

Добивката пред камата и даноците се зголемила за 9,4% до 518,8 милиони франци (522 милиони долари). Според просечната оценка аналитичарите очекуваа 519,6 милиони франци. Продажбата се зголеми за 7,1%.

„Lindt“ стана третиот најголем производител на чоколадни производи во САД, кога го купи „Russell Stover“ за 1,5 милијарди франци во 2014-та година. Продажбата во Северна Америка се зголемила за 7,9% во минатата година, одложување од 14% во 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП