28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако најлесно и најбрзо да ја исчистите тастатурата? (видео)

Како најлесно и најбрзо да ја исчистите тастатурата? (видео)

tast cist 3355

Сите знаеме колку е тешко да се исчисти тастатурата. Ја превртуваме, тресеме, се обидуваме со крпа да дојдеме до сите вдлабнувања. Но постои и едноставен начин.

Потребни ви се следниве состојки – лепак, боја за јадење, сода бикарбона и вода.

Измешајте 1/4 чаша сода бикарбона со 1 чаша вода и мешајте додека не се стопи.

Потоа во чинија ставете 1/2 чаша вода, 150 ml течен лепак и пет капки боја за јадење. Мешавината додадете ја во растопената сода бикарбона.

Месете ја мешавината со раце додека не се исуши (додадете уште сода бикарбона, доколку е неопходно).

И на крајот нанесете ја смесата на тастатурата. Делува лигаво, но е делотворно!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП