18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel ja заменува Antara со нов модел (фото+видео)

Opel ja заменува Antara со нов модел (фото+видео)

x mokka 00

Одличното претставување на „Opel Mokka“ на европскиот пазар ја натера компанијата производител да ја преиспита листата на модели во гамата кај кросоверите. Компактниот модел успеа во 2015-та година да забележи раст на продажбата од 46%, а овој показател го надмина дури бестселерот „Nissan Qashqai“.

x mokka 01

На спротивна насока продажбата продолжува да паѓа на моделот Opel Antara кој се произведува веќе повеќе од 10 години. За 2015-та година резултатот е само 6746 единици, што е и главната причина за одбивањето за создавање на новата генерација на моделот. Тоа го потврди и шефот на „Opel“ Карл-Томас Нојман.

x mokka 02

„Една од нашите слабости е малиот спектар на кросовери. Располагаме со успешен модел како „Mokka“ и сакаме и останатите „SUV“ автомобили да бидат такви. Во прво време треба да се пушти нов, поголем теренец кој ќе успее да се наметне на пазарот“, објасни Нојман.

x mokka 04

Според него, новиот кросовер на „Opel“ ќе биде подготвен во 2018-та година. Во неговата основа ќе биде шасијата на втората генерација на „Insignia“, а по секоја веројатност ќе бидат употребени и останатите агрегати на овој модел. Теренецот ќе биде поголем од „Antara“, чија должина е 4575 мм, а меѓуоскиното растојание е 2707 мм.

x mokka 05

Од „Opel“ се ориентирани кон „SUV“ сегментот ќе продолжат и со подготовка на новите генерации на „Zafira“ и „Meriva“. Тие ќе ги задржат гломазните кабини, но на изглед ќе се доближуваат до теренец. Нешто слично направи „Renault“ со својот крос „Espace“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП