17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Каде ќе се зголеми бројот на најбогатите во светот...

График на денот: Каде ќе се зголеми бројот на најбогатите во светот до 2024-та година?

rich-people

Каде треба да се насочат шпекулантите, за да се заработи голем профит?

Во минатото идејата беше да ја следи златната треска што можеше да ги однесе кон Калифорнија, Колорадо или можеби дури Клондајк, коментира „Visual Capitalist“.

Денес во веројатна цел се претвораат пазарите во развој или како што неодамна беше истакнато: „развојните“ растечки пазари. Даг Кејси, познат шпекулант и автор на бестселери, ја поддржува оваа стратегија. Тој постојано коментира дека ако бил млад, ќе се насочел кон Африка, наместо да оди на колеџ.

Податоците ја поддржуваат оваа идеја. Графикот на изданието резимира некои од откритијата на „Wealth Report 2015“ на консултантската куќа „Knight Frank“, кој испитува колку богаташи со милиони, стотици милиони или милијарди ќе се појават во различни региони до 2024-та година. Сето ова се базира на бројот на активите акумулирани од секој еден од нив.

Постојат неколку основни моменти во графиконот.

OCT_week 2

Прво, стапката на раст на елитната група на богаташи со над 100 милиони долари е побавен во Западна Европа. Региони како Северна Америка, Европа и т.н. Австралоазија (Австралија, Нов Зеланд, островот Нова Гвинеја и нивните соседни острови во Тихиот Океан) пример ќе го зголемат бројот на милионерите со над 100 милиони долари за 25% во следната деценија. Во овие региони повеќето големи можности веќе се користат, а стапката на економски раст на развиените економии е побавен.

Во исто време Азија води во секоја категорија од гледна точка на апсолутните вредности при додавањето на нови богаташи со милиони, стотици милиони и милијарди. Според прогнозите регионот ќе го зголеми бројот на милијардери за 342 лица со стапка на раст од 70% во следната деценија, што е повеќе од Северна Америка, Европа, Австралоазија и Латинска Америка, земени заедно. Исто толку запрепастувачки е фактот дека ќе има 5169 лица кои ќе акумулираат средства за над 100 милиони долари во Азија во следните 10 години. За разлика од овој регион сепак Северна Америка ќе додаде 3079 милионери со над 100 милиони долари со под половина од стапката на раст (25%).

Иако апсолутните вредности за Азија беа драматични по големина, релативните вредности за Африка се оние кои го привлекуваат вниманието. Африка ќе го зголеми бројот на милионерите најбрз меѓу сите региони во следната деценија со стапка на раст од 53%. Тоа ја поддржува тезата на Кејси, според која растот во Африка дури сега започнува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП