2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на милионери во САД достигна рекордни 10,4 милиони луѓе

Бројот на милионери во САД достигна рекордни 10,4 милиони луѓе

milion 44

И покрај потресите на финансиските пазари и забавувањето на економскиот раст, бројот на милионери во САД во 2015-та година се зголеми за нови 300.000, што го прави нивниот вкупен број рекордни 10,4 милиони луѓе, покажува новиот извештај, цитиран од „CNBC“.

Бројот на американските домаќинства со средства од барем 1 милион долари, без да се вклучува нивното основно живеалиште, е зголемен за 3% повеќе од минатата година од 10,1 милиони, тврди консултантската компанија „Spectrem Group“.

Вкупниот број забележува нов рекорд, но и сигнализира на забавување во однос на 5 отсто стапката на раст во 2014-та година, кога растот на берзите и поскапувањето на недвижности помогнаа за создавање на 500.000 нови милионери.

„И покрај континуираната загриженост околу нестабилноста на пазарите и насоката на американската економија бројот на богатите американски домаќинства се зголемил во 2015-та година“, вели Џорџ Волпер Џуниор, претседател на „Spectrem Group“.

Иако бројот на милионерите расте за време на обновата, благодарение на приливот на ликвидност од централните банки и подемот на пазарите, најсилниот раст всушност се забележува меѓу најбогатите.

Бројот на американските домаќинства кои поседуваат најмалку 25 милиони долари, е зголемен за цели 73% од 2008-ма година во споредба со 54% ​​на милионерите.

Според податоците има 145.000 американски домаќинства со над 25 милиони долари, што е над нивниот број од 142.000 во 2014-та година, тврдат од „Spectrem“. Во земјата има и 1,2 милиони домаќинства со вредност помеѓу 5 и 25 милиони долари, или 42.000 повеќе во однос на претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП