19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW ги објави плановите за следните 100 години (видео)

BMW ги објави плановите за следните 100 години (видео)

bendzo 55

Една од најпопуларните автомобилски марки – „BMW“, наполни денес (7-ми март) 100 години. Компанијата се наоѓа во одлична форма, затоа што е лидер во премиум сегментот, но не се задоволува со тоа. Еден од шефовите на „BMW AG“ – Клаус Фролих, откри она што треба да го очекуваме во следните 100 години.

Пред агенција „Ројтерс“ топ менаџерот (на фотографијата) објави дека во следните 5 години една од главните цели пред „BMW“ е создавање на конкурентно беспилотно возило. За оваа цел компанијата планира да привлече нови експерти, кои ќе го до пополнат инженерскиот оддел на брендот.

bendzo 56

„Главното кај беспилотни возила не е металот (тој одамна е измислен и работи прекрасно), туку вештачкиот интелект кој ќе управува со металот. Токму за создавање на ваков интелект во моментов се трошат милијарди долари во целиот свет. Во таа насока се трудат и најголемите автоконцерни и „IT“ компании, па поради тоа „BMW“ нема како да биде настрана од овој процес“, коментира Фролих.

Топ менаџерот додаде дека првиот чекор во таа насока е зголемувањето на бројот на програмери во компанијата за барем 4 пати. Сега нивниот број во сите поделби на „BMW“ во светот е 30.000 лица, а на нив отпаѓаат околу 20% од развојот. Според Фролих овој процент треба да се зголеми барем до 50.

„Се разбира, назначувањето на програмери не треба да биде за сметка на нашите сопствени инженери, кои се најголемата гордост на „BMW“. Напротив, треба да го зголемиме со помош на државата, што е една голема инвестиција. Ние сепак нема како да си дозволиме да паднеме зад себе од најновите трендови“, објасни уште Фролих.

Меѓутоа во „BMW“, сметаат дека во Германија ги нема потребните кадри, бидејќи локалните универзитети не успеале да реагираат брзо за менување на реалностите и соодветно да ги „произведат“ потребните „IT“ специјалисти од висока класа. Затоа и интелектуалниот потенцијал на компанијата ќе се бара од Северна Америка и најмногу од Силиконската долина, каде што повеќето автомобилски производители открија свои истражувачки центри.

Друга цел која си ја поставија баварците, е да се претворат во еден од водечките светски производители на хибриди и електрични возила. За таа цел „BMW“ ќе ја продава технологијата и на помалите компании. Овој процес е веќе започнат уште во ноември минатата година кога „BMW“ ги презеде инженерите за ажурирање на хибридните агрегати на кинеската компанија „Karma Automotive“, која почнува да ги нуди своите нови хибриди на пазарите во САД и Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП