27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако ќе изгледа новиот Huawei Р9?

Како ќе изгледа новиот Huawei Р9?

devetica p

Саемот за потрошувачка електроника во Барселона заврши пред околу две недели, а еден од водечките светски производители – „Huawei“, се уште одолговлекува со претставувањето на долгоочекуваниот нов модел од највисока класа „Р9“.

И додека од компанијата имаат закажано прес-конференција за 9-ти март во Берлин, се почести стануваат гласините од пазарните набљудувачи, кои сметаат дека моделот нема да биде претставен на овој настан и дебито ќе биде одложено за април.

devetica p1

Во меѓувреме дојде до промена и во очекувањата за тоа како ќе изгледа смартфонот и какви ќе се техничките карактеристики. Според фотографиите кои се појавија на интернет, тој може да ги изненади корисниците со поразлична од очекуваната визија. Новите гласини тврдат дека „Р9“ нема да има 6 GB RAM меморија, како и дека ќе располага со новиот чип „Kirin 950“, кои ги користи фаблетот „Mate 8“.

Задржани се очекувањата за двојна задна камера, но отпаѓаат оние за ласерски автофокус, а сензорот за отпечатоци ќе е на задната страна на уредот. Сликите внесуваат дополнителни нејаснотии во врска со тоа колку ќе чини моделот. Најевтина варијанта на уредот се очекува да е со цена од 264 евра, а најскапата со цена од 571 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП