
Само пред неколку дена списанието „Forbes“ ја објави листата за 2016-та година на најбогатите луѓе во светот. Денес ќе се осврнеме на компаниите во кои има најмногу милијардери, според податоци на „Hurun“.


Само пред неколку дена списанието „Forbes“ ја објави листата за 2016-та година на најбогатите луѓе во светот. Денес ќе се осврнеме на компаниите во кои има најмногу милијардери, според податоци на „Hurun“.
Погледнете во кои компании има најмногу милијардери:
„Facebook“

Седиште: Менло Парк, Калифорнија
Вработени: 12.700
Број на милијардери: 5
Во 2015-та година компанијата генерираше 12,5 милијарди долари приходи од продажба и ја зазеде првата позиција меѓу најдобрите места за работа на „Business Insider“.
„Estée Lauder“

Седиште: Њујорк, САД
Вработени: 44.000
Број на милијардери: 5
Компанијата е основана во 1946-та година. Денес, 70 години подоцна, таа има приходи од 16,5 милијарди долари.
„H&M“

Седиште: Стокхолм, Шведска
Вработени: 93.351
Милијардери: 5
„H&M“ е основана во 1947-ма година од Ерлинг Персон. Неговиот син Стефан го презема управувањето на компанијата во 1998-ма година, кога тој е на 16-годишна возраст. Денес Стефан, кој поседува 28% од компанијата, е нејзин претседател, додека неговиот син Карл Јохан е извршен директор.
„Infosys“

Седиште: Бенгалуру, Индија
Вработени: 193.000
Милијардери: 5
Компанијата е основана во 1981-ва година, а за 2015-та година забележа приходи од 8,6 милијарди долари.
„SACI Falabella“

Седиште: Сантијаго, Чиле
Вработени: 98.324
Милијардери: 5
Компанијата е основана во 1937-ма година, кога Салвадор Фалабела ја отвора првата продавница во Чиле. Денес „Falabella“ управува со продавници и супермаркети во цела Јужна Америка.
„Walmart“

Седиште: Бентовил, САД
Вработени: 2.2 милиони
Милијардери: 7
Најголемиот синџир за малопродажба е основан во 1962-ра година и денес има повеќе од 11.000 продавници во целиот свет. Шестмина членови на фамилијата Волтон денес поседуваат повеќе од 54% од компанијата, која има над 2,2 милиони вработени.
„SC Johnson & Son“

Седиште: Висконсин, САД
Вработени: 13.000
Милијардери: 7
Компанијата е основана во 1886-та година и до денес наследниците на Ес Си Џонсон се уште поседуваат 100% од нејзиниот капитал. Неслучајно и нејзините рекламни спотови завршуваат со – Ес Си Џонсон – семејна компанија.
„Dr. Oetker“

Седиште: Билефелд, Германија
Вработени: 28.000
Милијардери: 8
Д-р Откер ја основал компанијата во текот на 1981-ва година. Денес вкупно 8 од наследниците на Аугуст Откер се милијардери.
„Roche“

Седиште: Базел, Швајцарија
Вработени: 88.509
Милијардери: 9
Основана во 1896-та година компанијата денес е лидер во областа на фармацијата и биотехнологијата. Наследниците на основачот Фриц Хофман Ла Рош денес поседуваат 45% од компанијата.
„Cargill“

Седиште: Минесота, САД
Вработени: 150.000
Милијардери: 10
Денес тоа е најголемата приватна компанија во САД. Приходите изнесуваат 128 милијарди долари
„Hyatt“

Седиште: Чикаго, САД
Вработени: 45.000
Милијардери: 11
Историјата на компанијата започнува во 1957-ма година, кога Џеј Прицкер го купува мотелот „Hyatt House“ во Лос Анџелес. Денес 11 од членовите на фамилијата се во листата на најбогатите луѓе во светот.