27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФершпед АД Скопје со добивка од 700 илјади евра за 2015 година

Фершпед АД Скопје со добивка од 700 илјади евра за 2015 година

fersped

ФЕРШПЕД АД СКОПЈЕ за периодот Јануари-Декември 2015 година оствари оперативна добивка во износ од 42.645 илјади денари  искажана во неревидираниот Биланс на успех.

Сметководствени политики и методи на вреднување

Во 2015 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување  на ставките во финансиските извештаи споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи.

Вкупни приходи

Остварените вкупни приходи во периодот Јануари-Декември 2015 година изнесуваат 2.971.542 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2014 година бележат пад од 18%.

Оперативните приходи во износ 2.950.025 илјади денари учествуваат со 99,3 % во вкупните приходи и истите бележат пад од 16% во споредба со оперативните приходи во 2014 година. Во оперативните приходи најголемо учество имаат приходите остварени од  основната дејност на друштвото во износ од  2.535.144 илјади денари.

Финансиските приходи  учествуваат со 0,7 % во вкупните приходи и истите бележат пад.

Вкупни расходи

Вкупните расходи во износ од 3.082.934 илјади денари бележат пад од 15 % во однос на вкупните расходи во 2014 година. Оперативните расходи во износ 2.907.380 илјади денари бележат пад од 19 % во однос на 2014 година. Најголемо учество во оперативните расходи со 78% имаат расходите за услуги со карактер на материјални трошоци во износ од 2.271.793 илјади денари.

Финансиските расходи бележатраст во однос на истите од претходната година. Овој раст произлегува од камата од  судски спор од претходен период.

Поради растот на финансиските расходи, Фершпед АД Скопје за периодот Јануари-Декември 2015 година оствари негативен финансиски резултат  искажан во неревидираниотБилансна успех во износ од  111.392 илјади денари.

Дивиденди

Во деловната 2015 година согласно остварените резултати во 2014 година донесена е одлука да не се исплаќа дивиденда.

Обврски по кредити

Вкупните обврски по кредити на 31.12.2015 година се намалени за 209.358 илјади денари односно за околу 30% во споредба со состојбата на 31.12.2014 година и истите претставуваат  18 % од капиталот и резервите.

Исполнување на планот

Реализацијата на планот во 2015 година на Фершпед АД Скопје бележи отстапувања во однос на планираните активности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП