19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВитаминка АД Прилеп со добивка од околу 1 милион евра

Витаминка АД Прилеп со добивка од околу 1 милион евра

vitaminka-prilep

П.И “Витаминка” АД Прилеп за периодот Јануари – Декември 2015 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех.

Во 2015 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во финансиските извештаи на П.И “Витаминка” АД Прилеп.

Остварените единечни вкупни приходи во 2015 година изнесуваат 1.712.147 илјади денари и во споредба со остварените во 2014 година бележат пораст од 3%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 95%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2014 година се на исто ниво.

Остварените единечни вкупни расходи во 2015 година изнесуваат 1.649.496 илјади денари и во споредба со остварените во 2014 година бележат пораст од 3%. Порастот на вкупните расходи е во корелација со работењето во 2015 година.

Остварената нето добивка за периодот 01.01.2015- 31.12.2015 изнесува 57.686.000 денари.

На 05.06.2015 година на Годишното собрание на акционери е одобрена пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2014 година во износ 7.688 илјади денари односно 100,20 денари бруто за една акција. Исплатената нето дивиденда за 2014 година изнесува 90,18 денари за една акција.

Вкупните инвестиции во основни средства во 2015 година изнесуваат 259.905 илјади денари.

Вкупните единечни обврски по кредити на 31.12.2015 година изнесуваат 200.182 илјади денари и во споредба со состојбата на 31.12.2014 година бележат пораст од 47%.

Во периодот Јануари – Декември 2015 година во П.И “Витаминка” АД Прилеп се реализирани дополнителни 25 нови вработувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП