26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSubaru го покажа својот нов дизајн (фото+видео)

Subaru го покажа својот нов дизајн (фото+видео)

xv concept

Дизајнот на идните модели го откри јапонската марка „Subaru“ на саемот во Женева. Дизајнерскиот јазик го носи името „DYNAMIC X SOLID“, а е демонстриран преку концептот XV.

xv concept1

„Храбрата форма на кросоверот и чувството за квалитет ја надминуваат класата“, така од „Subaru“ го опишуваат дизајнерскиот јазик „DYNAMIC X SOLID“. Тој не само што дава поглед кон иднината на брендот, но исто така ја открива надворешноста на следната генерација „XV“ ја што очекуваме за околу една година.

xv concept2

Концептниот модел се обложува на динамични, дури и агресивни форми, кои сепак не компромитираат на удобноста или практичноста. Тие дури помагаат на највисокото растојание од тлото, заштитните елементи и под каросеријата, како и на вообичаениот за „Subaru“ погон на сите четири тркала.

Исто така впечаток кај „XV Concept“ оставаат предните и задните „LED“ светла во облик на бумеранг, засечената линија на покривот и стоп светлата кај кои е користен дизајн со мали хексагонални форми.

xv concept3

Информација за погонскиот агрегат на концептот недостасува. Единствено се објавени неговите димензии – должина од 4520 мм, ширина од 1920 мм и висина од 1570 мм. Меѓуоскиното растојание е 2670 мм, а се претпоставува дака има прилично великодушен простор во кабината.

xv concept4

Во Женева „Subaru“ ќе покаже уште два концепти кои треба да обезбедат увид во следните „Impreza“ хечбек и „Impreza“ седан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП