3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОнмап МКД, нова шопинг апликација за Скопје

Онмап МКД, нова шопинг апликација за Скопје

onmapp 333

Со оваа апликација многу лесно и едноставно на твојот мобилен телефон може да се користат купони за попуст за безброј производи и услуги. Апликацијата ги покажува сите попусти во околината на корисникот.

Главна карактеристика на Онмап МКД е тоа што ваучерот за попуст се прикажува веднаш на екранот на уредот и се приложува на вработените во локалот кој има промоција. Во моментов апликацијата работи со трговци кои работат на територија на Скопје. Наскоро тоа ќе биде овозможено и во Куманово, Битола, Прилеп, Гевгелија, Струмица, Тетово…

Позади идејата за Онмап стојат две најдобри другарки кои шетајќи низ градот доаѓаат на идеја: „Колку би било добро да имаме пристап до сите попусти во околината, и тоа веднаш“! Апликацијата е развиена да им помогне на сите корисници кои се во потрага по добра понуда, попуст, без оглед дали станува збор за вкусен ручек, пиење кафе со пријателите, сместување, купување или некоја друга услуга.

Онмап МКД (OnMapp MKD) е достапна за бесплатно преземање преку Гугл плеј стор (Google Play Store) и подеднакво добро работи на сите уреди.

По преземањето, користењето на апликацијата е без претходна регистрација.
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.mkd.onmapp

Апликацијата функционира на база на членство на продавниците, бутиците, кафулињата, рестораните, хотелите… Тие, своите информации за промоции, понуди, попусти ги поставуваат сами во системот преку свој администраторски профил, а пристап до администраторскиот профил и бесплатниот пробен период се добива веднаш по онлајн регистрацијата на клиентот.
http://mkd.onmapp.com/register.html

Онмап МКД е нова мобилна апликација чија база на податоци секојдневно расте. Ако не пронајдете понуда во вашата околина, продолжете да пребарувате, проширете ја информацијата преку социјалните медиуми и споделете со Вашите пријатели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП