23 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрупацијата Триглав објави раст на добивката од 4 отсто

Групацијата Триглав објави раст на добивката од 4 отсто

triglav 33

Групацијата Триглав ги објави финансиските резултати за 2015 година, според кои го продолжила работењето во согласност со своите стратешки насоки, кои се темелат на профитабилноста и безбедноста во работењето, како и на зачувување на финансиската стабилност.

Во споредба со 2014 година, бруто полисираната премија од осигурување и соосигурување на Групацијата Триглав се зголеми за 3%, на 919,1 милион евра, како што прикажуваат неревидираните податоци за работењето на Групацијата Триглав и матичното друштво во 2015 година. Комбинираниот количник е за 3,5 процентни поени подобар од планираниот и покажува подобрување споредено со 2014 година (92,8%), додека нето добивката на Групацијата е за 4% повисока отколку таа во 2014 година и изнесува 88,9 милиони евра.

Значаен ефект на минатогодишните деловни резултати на Групацијата Триглав, освен преземањето на компанијата Скупина Покојнинска Дружба, имаа и растот на премијата на пазарите надвор од Словенија, отсуството на масовни штетни настани и не многу поволната ситуација на пазарот на капитал.

Стратешкиот фокус на осигурителниот бизнис ги донесе посакуваните резултати. Заради понатамошна консолидација на словенечкиот пазар и дополнителен развој на Групацијата Триглав, посебно внимание се посвети  на областите на здравственото и пензиското осигурување. Групацијата Триглав, како водечка осигурително-финансиска групација во Словенија и во регионот Адриа во 2015 година ја презеде Скупина Покојнинска Дружба, која што е вториот по ред најголем понудувач на доброволни пензиски осигурувања на словенечкиот пазар. Останати фактори кои значајно влијаат на минатогодишните деловни резултати се: раст на премија на пазарите надвор од Словенија, отсуство на масовни штетни настани и не толку поволната ситуација на пазарот на капитал.

Деловните резултати подобри од планираното и над резултатите од 2014 година.

Групацијата обезбеди 919,1 милион евра бруто полисирана премија од осигурување и соосигурување, што е за 4% повеќе од планираното и за 3% повеќе од минатата година. Премијата на матичното друштво достигна 586,3 милиони евра (за 1% помалку од 2014 година). Бруто исплатените штети на Групацијата (594,8 милиони евра) се за 3% помали од тие во 2014 година, а штетите на матичното друштво (390,6 милиони евра) се за 7% помали. Бруто оперативните трошоци од осигурување на Групацијата останаа на скоро исто ниво како минатата година (231,6 милиони евра), додека трошоците на матичното друштво се за 1% помали (161 милион евра).

Доброто работење во основната осигурителна дејност придонесе кон подобрување на комбинираниот количник на Групацијата и на матичното друштво. Комбинираниот количник на Групацијата Триглав се намали на 92,8% и е за 3,5 процентни поени подобар од планираниот, како и од постигнатата вредност во 2014 година, а за 2 процентни поени подобар од долгорочната просечна целна вредност (95%). Исто така се подобри и комбинираниот количник на матичното друштво, кој што изнесува 86,2%, што е за 8,5 процентни поени подобро од 2014 година.

Деловните резултати се подобри од тие во 2014 и од планираните. Добивката пред оданочување на Групација Триглав во висина од 102,5 милиони евра е за 2% повисока од минатогодишната. Нето добивката на Групацијата во висина од 88,9 милиони евра е за 4% повисока од таа во 2014 година. Заваровалница Триглав 2015-та година ја заврши со 68,4 милиони евра добивка пред оданочување (19% повисока од таа во 2014 година), како и нето добивка од 58,5 милиони евра, која што е за 28% подобра од 2014 година. Групацијата оствари 12,8% профитабилност на капиталот, а матичното друштво 10,9%.

Детални  податоци (ревидирани резултати) за работењето во 2015 година ќе бидат објавени во среда, 6 април 2016 година, во согласност со финансискиот календар на компанијата (Годишен извештај на Групацијата и на матичното друштво).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП