10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТаблетот Galaxy Tab A е достапен за пред-нарачка

Таблетот Galaxy Tab A е достапен за пред-нарачка

tasma5

Последниве месеци често во медиумите се појавуваше таблетот на „Samsung“ – „SM-T280“, кој повремено се водеше како „Galaxy Tab E“, a понекогаш како и „Galaxy Tab A“. На крајот се покажа дека и покрај се станува збор за истиот „SM-T280“ модел на европскиот (Galaxy Tab A) и американскиот пазар (Galaxy Tab E) кој ќе биде претставен во различни серии.

Соодветниот модел веќе е поставен во понудата на некои европски продавници, иако „Samsung“ се уште не се огласи за официјалното претставување. Но, благодарејќи на тоа сега знаеме кои точно спецификации ќе ги има, како и по која цена ќе се продава.

Цената на европскиот пазар, поточно во Полска ќе изнесува 599 золти, што пресметано во евра е околу 138 евра. За таа цена ќе добиете 7-инчен таблет со резолуција на екранот од 1.280 x 800 пиксели кои има 1,5 GB RAM и 8 GB интерна меморија, а кој работи на четриријадрен „SoC“ со брзина од 1,3 GHz.

За среќа на потенцијалните купувачи, малиот интерен простор за чување на податоци од 8 GB може да се прошири со помош на „microSD“ мемориската картичка. Од предната страна се наоѓа 2-мегапикселна камера, додека на позаднината на таблетот е вградена камера со резолуција од 5-мегапиксели.

Бидејќи станува збор за ценовно пристапен модел, уредот има поддршка само за „Wi-Fi“ и „Bluetooth“ технологиите, додека нема поддршка за „3G“. Димензиите на таблетот се 186,9 x 108,8 x 8,7 милиметри, тежина од 283 грама, а капацитетот на батеријата е 4.000 mAh.

Од софтверска страна се наоѓа „Android“ оперативниот систем, нешто постариот „Lollipop 5.1“. „Galaxy Tab A SM-T280“ според полските извори во редовна продажба ќе стартува од 8-ми март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП