18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi SQ7 TDI - најмоќниот дизел SUV во светот (фото+видео)

Audi SQ7 TDI – најмоќниот дизел SUV во светот (фото+видео)

q7 dizel 00

Германскиот производител ги објави фотографиите и техничките детали од најмоќната дизел верзија од новата генерација на „SUV“ моделот „Q7“.

Зa „Audi SQ7“ од оваа компанија велат дека е најмоќниот „SUV“ со дизел агрегат во светот. За оваа титула е заслужен 4.0-литарскиот „TDI V8“, oпремен со електричен компресор (EPC), кој „Audi“ прв пат го вградува во еден сериски автомобил.

q7 dizel 01

Моторот произведува 435 ks (320 kW) и дури 900 Nm максимален вртежен момент кој е достапен веќе од 1.000 o/min.

Благодарејќи на овие карактеристики на погонската единица, „Audi SQ7 TDI“ е во состојба од место до „стотка“ да стигне за само 4,8 секунди, пред брзинометарот да запре на електронски ограничените 250 km/h.

q7 dizel 02

Специјално за овој модел, инженерите на „Audi“ модифицираа автоматски осумбрзински „Tiptronic“, па промените на степените на пренос се одвиваат побрзо од претходно.

Моќта се пренесува на сите 4 тркала со помош на системот „quattro“, а автомобилот е поставен на 20 инчни алуминиумски бандажи и гуми со димензии 285/45, а со доплата може да се добијат и бандажи со 22 инчи.

q7 dizel 03

Продажбата треба да стартува во текот на пролетта, а почетната цена во Германија изнесува 89.900 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП