10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПродолжува растот на Windows 10

Продолжува растот на Windows 10

win 10

Според редовниот месечен извештај на компанијата „Net Market Share“, најновиот оперативен систем на „Microsoft“ – „Windows 10“ продолжува со раст.

Во текот на февруари овој оперативен систем бил присутен на 12,82% од компјутерите, што е раст во однос на јануари кога тој удел изнесуваше 11,85%.

„Windows 10“ се наоѓа на второто место веднаш зад „Windows 7“ коj и натаму има многу голема застапеност од 52,34% (во јануари 52,47%), додека на третото место е сега веќе престариот „Windows XP“ со удел од 11,24% (во јануари 11,42%).

Следат „Windows 8.1“ (удел од 9,83%), „Mac OS X 10.11“ (удел од 3,72%), „Windows 8“ (удел од 2,43%) и „Mac OS X 10.11“ (удел од 2,2%). Во рубриката за останатите оперативни системи се наведува дека нивниот удел изнесува 5,42%, oд кои на „Linux“ припаѓа удел од 1,78%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП