26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone 7 може да има стерео звучници и три камери?

iPhone 7 може да има стерео звучници и три камери?

ajfi 22

Последната генерација не предложи доволно новитети и „Apple“ сака да привлече повеќе внимание за да ја зголеми продажбата, тврдат јапонски блогери, цитирани од онлајн изданието „CNET“. Затоа новата седмата генерација на „iPhone“ може да има доста новини, меѓу кои стерео звучници и три камери.

За голем дел од новините се уште се дискутира и нема гаранција дека ќе достигнат до самиот уред. Сепак за „iPhone 7“ всушност се дискутира најмногу за промените во однос на досегашните неколку претходни генерации на смартфонот.

Во случајот дека новиот модел всушност ќе располага со стерео звучници, тоа ќе биде прв во историјата на „iPhone“. Досега смартфонот се потпираше само на еден звучник, додека неговите конкуренти одамна нудат стерео конфигурации и различни технологии за подобрување на звукот. Останува и гласината дека „iPhone 7“ ќе се збогува со класичниот приклучок за слушалки и наместо тоа ќе се потпира само на својата „Lightning“ порта за поврзување со други уреди. Ова ќе значи потреба од приклучок за да се користат постари слушалки.

Меѓу другите шпекулации е дека „iPhone 7“ ќе има три камери, од кои две на задниот панел. Тие нема да прават тродимензионални слики, а ќе се конфигурирани за различни типови на фотографии. Според Минг-Чи Куо аналитичар од компанијата „KGI Securities“, камерите нема да се одделни, а ќе биде еден сензор со два типа леќи. Неусогласеноста јасно укажува дека тоа е од карактеристиките кои најверојатно ќе останат во фаза на дискусија.

Очекувањата се дека „iPhone 7“ визуелно нема да е многу различен од „iPhone 6S“. Куќиштето ќе биде потенко, но за колку точно зависи од тоа дали ќе остане приклучокот за слушалки, всушност, ќе биде отстранет и дали објективот на камерата ќе биде еднаков со грбот на куќиштето. Според јапонскиот блогер Мак Отакара новиот телефон нема да е водоотпорен, како што се шпекулира. Ќе се користи истото метално куќиште како „iPhone 6S“, кој дава одредена заштита од вода, но не голема.

Промени се очекуваат и кај самиот „Lightning“ порт кој може да стане потенок. Сепак тој ќе продолжи да е компатибилен со досегашните кабли. Дебито на уредот останува непроменето и како и секогаш ќе биде во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП