17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda конечно го откри хечбекот Civic (фото+видео)

Honda конечно го откри хечбекот Civic (фото+видео)

hech civic

„Honda“ во Женева претстави прототип на хечбекот „Civic“ од 10-тата генерација на моделот. Возилото ќе се појави на пазарот во Европа дури во 2017-та година.

Должината на возилото е 4430 мм, широчината е 1800 мм, а висината е 1420 мм. Возилото кое е целосно насочено кон европскиот пазар и ќе се составува во фабриката во Свиндон (В.Британија), е за 130 мм подолго, за 30 мм пошироко и за 20 мм понисоко од својот претходник.

hech civic1

Генерално хечбекот демонстрира агресивен дизајн, благодарение на импресивните отвори за воздух, светло-зелените сопирачки, задниот спојлер и дифузерите. Концептот добил и поврзани цевки од издувниот систем, лоцирани во центарот на задниот браник.

hech civic2

Сето ова укажува дека во „Honda“ размислуваат за претставување на модификација „Type S“, која ќе го добие моторот од моќната верзија „Type R“. Моќноста на 2.0-литарски агрегат сепак ќе биде намалена од 300 на 230 КЅ, на тој начин „Type S“ ќе се натпреварува со „VW Golf GTI“ и „Ford Focus ST“.

hech civic3

Стандардниот хечбек „Civic“ ќе се потпира на моторите на седанот. Тоа се 1,6-литарски дизел со 120 КС и бензински турбо мотор со зафатнина од 1,5 литри и моќност од 175 КС. Ќе има и нов бензински турбо агрегат со 3 цилиндри и зафатнина од 1,0 литар кој развива 120 КС. Според информациите постојат две опции за менувачот, а тоа се 6-брзински мануелен и автоматски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП