18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini го продаде Centenario уште пред неговотo деби (фото+видео)

Lamborghini го продаде Centenario уште пред неговотo деби (фото+видео)

lux lambo

„Lamborghini“ на автосаемот во Женева претстави нов суперавтомобил – „Centenario LP770-4“. Како и другите специјални модели на марката и овој беше целосно распродаден уште пред да пристигне на саемот.

Моделот е изграден во чест на 100-годишнината од раѓањето на основачот на „Lamborghini“ – Феручо Ламборџини.

lux lambo1

При движење со мала брзина задните тркала на „Centenario LP770-4“ се завиваат под мал агол во насока спротивна на предните. Така се одвива подобрено маневрирање. При поголеми брзини сите тркала завиваат во иста насока, подобрувајќи ја динамиката на свиоците.

lux lambo2

Суперавтомобилот е опремена со најмоќниот мотор некогаш произведени од „Lamborghini“ – атмосферски „V12“ со зафатнина од 6,5 литри и моќност од 770 КС. Тој му овозможува на автомобилот, кој располага и со систем за погон на сите четири тркала, да забрзува од 0 до 100 км/ч за 2,8 секунди. Брзината до 300 km/h од место се достигнува за 23,5 секунди, а максималната брзина е 350 км/ч.

lux lambo3

Моделот е изграден околу карбонски монокок. Од истиот материјал се направени и сите елементи од каросеријата, а како резултат на тоа тежината на „Lamborghini Centenario“ е сведена на 1520 килограми.

lux lambo4

Односот помеѓу масата и енергијата е 1,97 кг/коњска сила, а за моделот се развиени дополнителни аеродинамички елементи. Еден од нив е задното антикрило што е активно.

lux lambo5

Од суперавтомобилот ќе бидат произведени 40 примероци – 20 купе и 20 роудстер, а според информациите веќе сите се продадени. Цените стартуваат од 1,75 милиони евра без даноци и такси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП