26 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi Q2 - најмалиот во палетата (фото+видео)

Audi Q2 – најмалиот во палетата (фото+видео)

q2 00

Најмалиот кросовер на „Audi“ се појави под рефлекторите на автосаемот во Женева. Моделот ја носи ознаката „Q2“ и ќе биде достапен на пазарите подоцна во оваа година.

q2 01

Автомобилот го следи новиот дизајн на производителот со седиште во Инголштат, но покажува и голем број на уникатни елементи. Еден од нив се задните звучници, кои се решени во контрасна боја. Така можат да бидат обоени и праговите и заштитните елементи околу крилата додека деловите на предниот и задниот браник се предвидени во сребрена боја.

q2 02

Впечаток оставаат предните „LED“ светла со специфичен потпис, релативно малите Стоп светла и решетката на ладилникот, која има хромирана рамка.

q2 05

Ентериерот изгледа типичен за брендот, така што се одликува со елементи кои можат да бидат во боја на каросерија. На централната конзола доминира дисплејот на инфо-системот, а багажникот нуди задоволителен обем од 400 литри. При преклопувањето на задните седишта простор се зголемува до 1050 литри.

q2 06

„Audi Q2“ ќе биде достапен само во верзија со 5 врати и 5 места. Должината на моделот е 4,19 метри, ширина е 1,79 метри, а пак висината е 1,51 метри. Меѓуоскиното растојание се протега на 2,6 метри.

q2 07

При пазарната премиера на моделот ќе бидат достапни 6 мотори. Основен е 1.0-литарскиот „TFSI“ со три цилиндри, а поголемите бензински мотори се 1.4-литарски „TFSI“ и 2.0-литарски „TFSI“. Дизел опциите се 1.6-литарски „TDI“ и 2.0-литарски „TDI“. Моќноста на палетата мотори стартува од 116 КС и достигнува до 190 КС.

q2 03

Моторите се споени или со рачна кутија со 6 степени, или со автоматски менувач со две спојки и 7 степени. Стандардниот погон е на предните тркала, а со доплата верзиите со мотор 2.0-литарски „TDI“ и 2.0-литарски „TFSI“ можат да бидат опремени со систем за погон на четири тркала – „quattro“.

q2 04

Цените на „Audi Q2“ ќе бидат соопштени во следните месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП