3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБил Гејтс 17 пати најбогат во последните 22 години

Бил Гејтс 17 пати најбогат во последните 22 години

bil pari2 2

Динамиката на пазарите на акции, падот на цените на нафтата и најскапиот долар доведоа до промени на листата на милијардери на списанието „Forbes“, но и намалување на општата состојба за прв пат од 2009-та година.

Во овогодинешното рангирање се вклучени 1.810 милијардери во споредба со рекордните 1.826 пред една година. Нивното вкупно богатство се проценува на 6.48 илјади милијарди долари, намалувајќи се за 570 милијарди долари, во споредба со минатата година. Ова исто така е првата година од 2010-та година во која просечното богатство се намалува и кое сега изнесува 3,6 милијарди долари, или 300 милиони долари помалку од 2015-та година.

Вкупно 221 лица отпаднаа од листата на милијардери, додека во неа влегува 198 нови лица; други 29 милијардери од 2015-та година починале, а пак 29 лица кои претходно се отпаднати од листата, се враќаат во неа. Вкупно 892 од милијардерите кои биле во рангирањето и минатата година, се посиромашни, додека богатството е зголемено кај 501 лица.

bogatite 333

Поместувањето во рангирањето започнуваат уште од врвот. Само две лица во топ 20 од минатогодишната листа успеваат да ги задржат своите места. Бил Гејтс останува најбогат човек во светот со лично богатство кое се проценува на 75 милијарди долари, иако е осиромашен со 4.2 милијарди долари во споредба со минатата година. Гејтс ја предводи листата трета година по ред и во 17-та од последните 22 години.

(За 30-те години, во кои „Forbes“ го изготвува ова рангирање, само пет лица досега ја предводеле; тројца од овие пет се уште се меѓу четворицата најбогати во светот, вклучувајќи ги Ворен Бафет и Карлос Слим.)

Местото во листата го задржува и Ворен Бафет, кој ја зазема третата позиција. Сопственикот на „Zara“ Амансио Ортега се искачува до втората позиција за првпат, надминувајќи го Мексиканецот Карлос Слим, кој отстапува до четвртото место. Богатството на Слим се намалува за 27.1 милијарди долари или до 50 милијарди долари во последната година, откако падна цената на акциите на неговата компанија за телекомуникации „América Móvil“.

Основачот на „Facebook“ Марк Цукерберг ја забележа најдобрата година меѓу сите милијардери. 31-годишниот Цукерберг додадена 11,2 милијарди долари кон своето богатство и се искачува од 16-то до 6-то место. Тој и основачот на „Amazon“, Џеф Безос влегуваат за прв пат во првите десет на најбогатите. Исто прв пат милијардер од Кина, во лицето на Ванг Џиалин, влегува во првите 20.

bogatite 332

Во овогодинешното рангирање има рекордни 66 милијардери на возраст под 40 години. Најмладиот милијардер во светот е 19-годишната Норвежанка Александра Андрес, која има 42 -процентен удел во семејната компанија „Ferd Holding“, но се занимава претежно со јавањето. Вториот најмлад милијардер е нејзината сестра Катарина, која има 20 години.

Жените во листата се само 190, а нивниот број се намалува во споредба со минатата година, кога биле 197.

Топ 20 најбогати според „Forbes“:

1. Бил Гејтс (САД) – 75 милијарди долари

2. Амансио Ортега (Шпанија) – 67 милијарди долари

3. Ворен Бафет (САД) – 60.8 милијарди долари

4. Карлос Слим Хелу (Мексико) – 50 милијарди долари

5. Џеф Безос (САД) – 45.2 милијарди долари

6. Марк Цукерберг (САД) – 44,6 милијарди долари

7. Лари Елисон (САД) – 43,6 милијарди долари

8. Мајкл Блумберг (САД) – 40 милијарди. долари

9. Чарлс Кох (САД) – 39,6 милијарди долари

10. Дејвид Кох (САД) – 39,6 милијарди долари

11. Лилијан Бетанкур (Франција) – 36.1 милијарди долари

12. Лери Пејџ (САД) – 35.2 милијарди долари

13. Сергеј Брин (САД) – 34.4 милијарди долари

14. Бернар Арно (Франција) – 34 милијарди долари

15. Џим Волтон (САД) – 33,6 милијарди долари

16. Алис Волтон (САД) – 32.3 милијарди долари

17. С. Робсон Волтон (САД) – 31.9 милијарди долари

18. Ванг Џиалин (Кина) – 28.7 милијарди долари

19. Жорже Паоло Леман (Бразил) – 27.8 милијарди долари

20. Ли Ка-Шинг (Хонгконг) – 27.1 милијарди долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП