1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-Benz C-Class Cabriolet (фото+видео)

Mercedes-Benz C-Class Cabriolet (фото+видео)

kab mece 00

„Mercedes-Benz“ ја претстави новата генерација на „C-Class Cabriolet“. Моделот дебитира во Женева, а ќе се појави на светските пазари уште пред почетокот на летото.

kab mece 01

Новиот „C-Class Cabriolet“ е изграден врз основа на „C-Class“ што германскиот производител го претстави во текот на минатата година. Основната разлика е новиот покрив, кој е способен да се врати или отвори за помалку од 20 секунди. Тој е од ткаенина, може да се нарача во четири различни бои и работи при брзина до 50 км/час.

kab mece 02

„Mercedes-Benz C-Class Cabriolet“ се опремува стандардно со системот „Airscarf“ кој поднесува топол воздух во пределот на вратот на возачот и на патникот до него. Предвиден е и системот „Aircap“ кој ја намалува турбуленцијата на струење во задниот дел на возилото. Со доплата пак може да се нарачаат седишта со кожа, кои се загреваат помалку од сончевите зраци.

kab mece 03

Во моментов се познати само некои од моторите на кабриолетот. 2,0-литарскиот бензинец со 245 КС е предвиден за модификацијата „C300“. Агрегатот е поврзан со автоматска трансмисија со 9 степени „9G-TRONIC“ и систем за погон на четири тркала „4MATIC“.

kab mece 05

Дизел опцијата е „C250d 4MATIC“ со 150 КС, а кај спортските модификации се издвојува „Mercedes-AMG C 43 Cabriolet“ која што користи 3.0-литарски би-турбо V6 мотор со 367 КС. Овој модел од место до 100 km/h стигнува за 4,8 секунди и развива максимални 250 км/час.

kab mece 06

Во подоцнежна фаза моделот ќе добие и други мотори, меѓу кои се очекува и хибриден агрегат. Исто така ќе бидат предложени и врвните спортски модификации „C 63“ и „C 63S“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП