10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАпликација која бара достапно Wi-Fi наместо вас

Апликација која бара достапно Wi-Fi наместо вас

free wifi 333

Колку пати сте се биле во ситуација да ви е потребен интернет, а не сте имале пристап? Една апликација конечно го реши тој проблем.

Имено, „WeFi Pro“ е името на апликацијата која всушност служи како база на податоци за јавно отворените мрежи или „hotspotѕ“. Апликацијата е достапна за „Android“ и за „iOS“, a ви дава информација кои се најдобрите и најстабилни мрежи на кои можете да се приклучите во околината во која во моментот се наоѓате.

screen322x572screen322x572 (1)

Покрај тоа, интерактивна е на начин да можете да обележувате или пронаоѓате нови „hotspotѕ“, како и да ги означува лошите, односно да ги става на црната листа. Таа содржи база на податоци од неколку стотина милиони „hotspotѕ“ ширум светот.

Апликацијата работи во позадина на вашиот телефон, го исклучува „Wi-Fi“-то кога не ви е потребен, но и ги известува корисниците доколку постои подобра мрежа од онаа на која во моментот се приклучени. Покрај тоа што помага при патувањата, апликацијата врши одлична работа и за уредување на бежичната интернет врска во домот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП