10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГрафик на денот: Кои се апликациите со над 1 милијарда активни корисници...

График на денот: Кои се апликациите со над 1 милијарда активни корисници месечно?

graf tehno

Приближно 3,3 милијарди луѓе во светот користат интернет. Прашањето е, дали е тешко секој месец да се стигне до 1 милијарда од нив.

Излегува дека предизвикот е прилично голем, коментира „VisualCapitalist“.

„Apple“, најголемата компанија во светот според пазарната капитализација, нема ниту еден производ кој има постигнато слични резултати.

„WeChat“ е најпопуларната апликација за мобилни комуникации во Кина, не може да постигне 1 милијарда активни корисници месечно дури и ако се користи од секој кој има смартфон во Кина. Затоа апликацијата во моментов има „само“ 650 милиони активни корисници.

Во меѓувреме имињата како „Reddit“, „Twitter“, „Pinterest“ и „Instagram“ исто така имаат стотици милиони корисници. Никој од нив сепак засега не успева да се наметне толку многу на светскиот пазар и да ја достигне бројката од една милијарда луѓе.

Засега единствените компании со апликации или програми кои имаат над 1 милијарда активни корисници месечно, се „Google“, „Facebook“ и „Microsoft“.

graf tehno111

Впечатливо е дека само „Google“ има седум такви: „Search“, „Gmail“, „Maps“, „YouTube“, „Android“, „Chrome“ и „Play“. Последната од наведените апликации која достигна 1 милијарда корисници е „Gmail“, соопшти „Alphabet“ во февруари.

Апликацијата, која достигна 1 милијарда лица најбрзо, исто така, е на „Google“: „Android“ го постигнува тоа само за 5,8 години.

„Facebook“ исто така има три апликации со 1 милијарда корисници. Апликацијата со најмногу корисници во светот – 1,59 милијарди лица месечно, всушност е на самиот „Facebook“. „WhatsApp“, која социјалната мрежа ја купи за 22 милијарди долари во октомври 2014-та година, неодамна, исто така објави на својот блог дека ја поминала границата од 1 милијарда корисници. Со тоа, Марк Цукерберг го исполнува ветувањето пред акционерите на „Facebook“, кое беше дадено пред реализацијата на трансакцијата.

„Microsoft“ влегува во тројката со производите „Windows“ и „Office“, кои се единствените платени програми во рангирањето. На нив им беше потребно и најдолго време да постигнат 1 милијарда потрошувачи: соодветно 25,8 и 21,7 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП