17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГотова е новата генерација - Aston Martin DB11 (фото)

Готова е новата генерација – Aston Martin DB11 (фото)

astonaki 00

Најновиот модел од „DB“ серијата има одлика на современ дизајн со почитување на традициите на британскиот производител.

Оние кои очекуваа дека „DB11“ ќе наликува на Бондовиот „Aston Martin DB10“ од филмот „Spectre“, ќе бидат разочарани, додека фановите на класичниот дизајн на брендот ќе бидат задоволни со изгледот на новиот модел.

astonaki 01

По желба на „Aston Martin“, или без нивна дозвола, официјални фотографии „протекоа“ на Интернет за време на викендот. Тоа сега е помалку важно со оглед на тоа дека од светската премиера на „DB11“, закажана за саемот на автомобили во Женева, не делат само 24 часа.

Наследникот на „Aston Martin DB9“ пристигнува по 13 години. Дизајнерското решение на маската на ладилникот која е спуштена во предниот браник, кое го видовме на филмскиот модел „DB10“, не е применето на „Aston Martin DB11“, но е задржана издолжената форма на фаровите, благодарејќи на кои автомобилот изгледа многу помодерно од претходникот.

astonaki 02

Самата маска е малку помасивна од претходно, а динамичниот дизајн го потполнуваат четирите тесни отвори на хаубата.

Предниот и задниот покривен носач визуелно сочинуваат една целина и се разликуваат по нијанси од остатокот од каросеријата. Посветата на „Aston Martin DB10“ е искажана низ дизајнот на тркалата, додека задниот дел со стоп светлата во форма на буквата „С“ потсетува на моделите „One-77“ и „Vanquish“.

astonaki 03

Фотографиите од ентериерот засега не се достапни, а познато е дека за погонот е употребен 5.2-литарски „V12“ мотор. Моќта на агрегатот се уште е тајна, но се претпоставува дека тој ќе произведува околу 600 ks.

Официјалните податоци ќе бидат достапни наскоро, со оглед дека портите на женевскиот авто-саем за новинарите ќе бидат отворени веќе утре – 1-ви март, кога би требало да ги дознаеме и перформансите на „Aston Martin DB11“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП