23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈА2015-та фантастична за банкарскиот сектор – Стопанска со најголема заработка, Комерцијална со...

2015-та фантастична за банкарскиот сектор – Стопанска со најголема заработка, Комерцијална со најголем раст на профитот

st

2015-та била одлична година за банкарскиот сектор, растеле и приходите и профитите и тоа со фантастично темпо. Најголемите имале уште поголеми добивки, а за најмалите по подолго време ги намалиле загубите. Сите заедно оствариле позитивно салдо од 75.4 милиони евра.

Лани најмногу заработила Стопанска банка, над 31 милион евра, а најголем раст на профитот остварила Комерцијална банка, дури 436%. Ова го покажуваат билансите на успех во финансиските извештаи кои досега се објавени на Македонската берза. Од поголемите играчи во секторот единствено НЛБ Тутунска се уште ги нема обелоденето своите резултати.

Гледано поединечно, лани профитот на Комерцијална банка пораснал за дури 436%. Заработката во 2015-та била 8.527.918 евра, а во 2014-та 1.591.203 евра. Остварен бил и раст на приходите. Приходите од камати достигнале 51.669.138 евра, а од провизии и надоместоци 14.890.650 евра.

Во истиот период Стопанска банка остварила раст на профитот од 26.7%. Заработката во 2015-та била 31.165.837 евра, а во 2014-та 24.590.943 евра. Остварен бил и раст на приходите. Приходите од камати достигнале 54.807.934 евра, а од провизии и надоместоци 15.204.894 евра.

Охридска банка имала зголемен профит за 72%. Заработката во 2015-та била 6.494.569 евра, а во 2014-та 3.776.373 евра. Растеле и приходите. Приходите од камати биле 16.114.308 евра, а од провизии и надоместоци 4.260.796 евра.

УНИ Банка го зголемила профитот за 20.4%. Во 2015-та заработката била 1.328.943 евра, а во 2014-та 1.103.707 евра. Пораснале и приходите. Од камати достигнале 8.233.430 евра, а од провизии и надоместоци 2.164.016 евра.

ТТК Банка имала раст на профитот од 27%. Во 2015-та достигнал 619.983 евра, а во 2014-та бил 488.211 евра. Зголемени биле и приходите. Приходите од камати биле 4.365.333 евра, а од надоместоци и провизии 2.540.975 евра.

НБРМ: сите банки заедно заработиле 75.4 милиони евра

Според податоците на Народната Банка (НБРМ) вкупната заработка на банкарскиот сектор минатата година достигнала 75.4 милиони евра. Профитот во 2015-та во однос на 2014-та бил поголем за речиси 50%.

Најдобро им одело на најголемите баки кои инкасирале 80% од вкупната добивка во секторот односно речиси 60 милиони евра.

Средните банки имале заработка од 16 милиони, а малите имале вкупна загуба од околу 200.000 евра што сепак е подобар резултат во однос на претходната година кога минусот бил речиси 1.5 милиони.

И НБРМ ги потврдува податоците од финансиските извештаи на комерцијалните банки – најголем дел од заработката доаѓа од камати, а помал од провизии и надоместоци.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП