9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовите iPhone и iPad ќе бидат претставени на 21-ви март

Новите iPhone и iPad ќе бидат претставени на 21-ви март

Apple Stock

„Apple“ ќе ги претстави првите нови уреди за оваа година ден пред клучното сослушување на раководителите на компанијата во Конгресот поради нејзиното одбивање да соработува со ФБИ. Новите „iPhone“ и „iPad“ ќе имаат деби на 21-ви март годинава, објави интернет изданието „Re/Code“.

Првично избраниот датум беше 15-ти март. Не е јасно зошто „Apple“ го одложи настанот за недела подоцна. Онлајн изданието „9to5mac“ шпекулира дека најверојатно спорот на „Apple“ со ФБИ довел до доцнењето на подготовките за настанот. Од друга страна, компанијата можеби сака да привлече повеќе внимание, откако се претвори во центарот на случувањата во два последователни дена.

Очекувањата се деби да има новиот 4-инчен „iPhone SE“. Тој ќе има речиси идентични спецификации како „iPhone 6s“ со речиси сите функции без „3D Touch“. Дизајнот пак ќе е комбинација помеѓу „iPhone 6s“ и „iPhone 5s“. Според аналитичарот Минг-Чи Куо од „KGI Securities“, новиот „iPhone“ ќе чини меѓу 400 и 500 долари во САД и ќе располага со 12 МР камера, батерија со капацитет од 1642mAh.

Новиот „iPad“ нема да биде уште една верзија на „iPad Air“. Наместо тоа „Apple“ ќе го претстави „iPad Pro“ со 9.7-инчен екран, кој се продава заедно до оригиналниот „iPad Pro“, кој е со 12-инчен дисплеј. Се очекува неговите карактеристики да се идентични со постариот модел, можеби со исклучок на присуството на иглата. Ќе има и неколку нови додатоци, како помалата дополнителна тастатура која ќе се прикачува кон таблетот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП