22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗToyota врти нов лист: Пристигнува кросоверот C-HR (фото)

Toyota врти нов лист: Пристигнува кросоверот C-HR (фото)

kros toy

На Интернет се појавија првите фотографии од новиот кросовер на „Toyotа“ кој светска премиера ќе има на саемот во Женева.

„Toyota“ во 2014-та на парискиот авто-саем приреди изненадување кога го претстави концептот купе кросовер „C-HR“. Oвој автомобил имаше радикално поразличен дизајн од актуелните сериски модели на јапонскиот производител, па многумина се сомневаа дека тој ќе добие сериска верзија која ќе наликува на концептот.

kros toy1

Меѓутоа, „Toyota“ се одлучи на храбар чекор, многу стилски детали се пренесени на серискиот „C-HR“, кој ќе дебитира на почетокот на март во Женева.

Навистина, овој кросовер за разлика од првичната дизајнерска студија, од практични причини наместо 3 има 5 врати, додека силуетата на купето е ублажена, па така линијата од покривот повеќе не се симнува нагло кон задниот дел од возилото, а со тоа е добиен поголем корисен простор во кабината за патниците на задните седишта.

kros toy2

Предниот дел е во најголема мера прекопиран од концептот, па „C-HR“ ја задржа агресивната, спортска појава. И позади може да се забележат елементи кои се преземени од концептната верзија, како специфичните „тродимензионални“ стоп светла во форма на бумеранг, дифузор на браникот, „лебдечкиот“ спојлер на покривот…

kros toy3

Од „Toyota“ се уште не објавија спецификации од новиот модел, но познато е дека концептот ќе биде долг 4.350 mm, широк 1.850 mm и висок 1.500 mm. „C-HR“ ќе ја дели механичката „TNGA“ платформа со новиот „Prius“, па во понудата ќе се најде и хибридна верзија.

kros toy4

Новиот кросовер би требало да се произведува во фабриката на „Toyotа“ во Турција, а повеќе детали ќе бидат познати по официјалната премиера на овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП