4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДи Каприо конечно освои Оскар

Ди Каприо конечно освои Оскар

di-kaprio-oskar

Во Долби театарот во Лос Анџелес, во ноќта помеѓу неделата и понеделникот, се одржа 88-то издание на доделувањето на Оскарите. Spotlight го доби Оскарот за најдобар филм, Леонардо ди Капиро во шестиот обид ја доби наградата за најдобар актер, додека за најдобра актерка е прогласена Бри Ларсон.

Spotlight, во јануари од страна на критичарите беше прогласен за најдобар филм, а еден месец подоцна остварувањето на режисерот Том Мекарти ја доби и најпрестижната награда во филмската индустрија.

Spotlight го победи филмот „Облог на векот“, филм кој е базиран врз вистинска приказна, за четворица финансиери кои го предвидоа финансискиот крах на почетокот на 21 век и открија како од целиот тој крах да извлечат финансиска добивка.

Оскарот за најдобра режија заврши во рацете на Алехандро Гонзалес Инјариту за филмот „Повратник“, кој оваа година имаше 12 номинации.

За улогата во овој филм, Леонардо ди Каприо, конечно се закити со престижната награда во категоријата најдобар актер, додека најдобра актерка е Бри Ларсон, за улогата во филмот „Соба“. Инаку, Бри Ларсон ја освои оваа награда иако за најголем фаворит беше Кејт Винслет за улогата во филомот „Стив Џобс“.

Оскарот за најдобра споредна улога го доби актерот Марк Рајленс, за улогата во филомот „Мостот на шпиуните“. Одлуката на академијата изненади многумина бидејќи фаворити беа Кристијан Бејл, Том Харди и Силвестер Сталоне.

Најголемо изненадување на 88-то доделување на Оскарите беше филмот Mad Max, кој ги собра речиси сите награди во техничките категории: за костимографија, шминка, продукција, звук и монтажа на звук.

Наградата за најдобро адаптирано сценарио им припадна на Чарлс Рендолф и Адам Мекеј за филмот „Облог на векот“, додека Џош Сингер и Том Мекарти добија Оскар за најдобро сценарио за филмот Spotligh.

Оскарот за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје му припадна на унгарскиот филм „Синот на Шаул“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП