29 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИ Duster стана лимузина

И Duster стана лимузина

dusterr

Лимузините во принцип се изработуваат од луксузни и скапи автомобили. Но една група на романски студенти покажа дека овој вид на автомобили може да се направи и од ефтиниот и достапен „Duster“.

Сега на „Facebook fan“ страната на романскиот производител се појавија фотографии од матиран црн „Duster“ кој е претворен во сосема пријстона лимузина.

Овој автомобил е дело на групата која ја сочинуваат 23 романски студенти и беше направен во рамките на програмата „EPA“ (Engineering Projects Auto).

dusterr1

Стандардниот „Duster“ отпрвин е пресечен на пола во нивото на Б столбовите, а потоа е продолжен за дополнителни 1.5м и така возилото порасна на 5.83м.

„Duster“ лимузина ги задржа оргиналните алуминиумски бандажи, а возилото е префарбано во мат црна боја и е украсено со брусен алуминиумски амблем на „Dacia“.

Во патничкиот дел од кабината се наоѓаат четири одвоени седишта, LCD екран, таблет и други содржини карактеристични за овој вид на возила, а „Duster“ лимузината ја придвижува стандардниот 1.6 литански бензински мотор со 105ks.

dusterr2

Маана на оваа или сличните лимузини е тоа што задната врата останува во оргиналните димензии и не го олеснува влегувањето во просторот за патници. Исто така на фотографиите од внатрешниот дел се гледа дека седиштата се премногу близу до тапацираниот дел од кабината.

Во секој случај се чини дека романските студенти сосема солидно ја завршиле својата работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП