16 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗапочна производството на новата E Class

Започна производството на новата E Class

e 535

Првиот „Mercedes E Class“ од најновата генерација слезе од производната лента од фабриката во Зинделфинген во Германија. За таа прилика, „Mercedes“ ги изложи и неговите претходници и потсети на историјата на овој модел.

Од германскиот производител велат дека „E Class“ е најпродаваниот „Mercedes“ на сите времиња, со 13 милиони испорачани примероци.

По новиот „E Class“ седан ќе биде претставена и караван верзијата, која исто така ќе се склопува во истата фабрика. Инаку, во оваа фабрика веќе се изработуваат моделите „CLS“, „CLS Shooting Brake“, „S Class“ („Sedan“, „Coupe“, „Cabriolet“), „Mercedes-Maybach“ и спортскиот „Mercedes-AMG GT“.

Во фабриката се вработени повеќе од 25.000 работници, а секој ден се комплетираат 200 автомобили од различни модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП