1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГ-20: Инвестициите во инфраструктурата можат да му помогнат на глобалниот раст

Г-20: Инвестициите во инфраструктурата можат да му помогнат на глобалниот раст

g20 kina 335

Глобалните финансиски лидери го истакнаа својот повик до банките за развој, меѓу кои и Светската банка, да помогнат во светскиот раст, така што ќе развијат дополнителна гранка за инфраструктурни проекти, пишува „Bloomberg“.

Мултилатералните развојни банки треба да достават конкретни планови до крајот на јули, пишува во нацрт мислењето на средбата на финансиските лидери од Г-20, што се одржува во Шангај, Кина.

Министрите за финансии и централните банкари од Г-20 наведуваат во предлог, виден од „Bloomberg“ дека ќе работат во корист на инвестициите преку фокусирање на „инфраструктурата како во однос на количината, така и во однос на квалитетот“.

Политичарите бараат нови начини за стимулирање на растот, откако профитот почнаа да се намалуваат поради стимулациите на централните банки и опозицијата спрема нови фискални стимуланси во некои земји.

Од Светската банка коментираат дека планираат да ги координираат своите намери со други мултинационални банки, меѓу кои се Азиската банка за развој и предводена од Кина, Азиската банка за инфраструктурни инвестиции (AIIB). „AIIB“, основана од 57 држави со капитал од 100 милијарди долари, започна со работа во јануари, а веќе може да ги објави првите инвестициски проекти околу јуни.

„Има многу работи кои мултинационалните инвестициски банки можат да ги направат за земјата од која пристигнува побарувачката“, изјави претседателот на Светската банка Џим Јон Ким. Банката се обидува да работи тесно со „AIIB“ и другите банки, за да ги зголеми инвестициите во инфраструктура во земјите во развој.

Ким рече дека зборува за тоа на кој начин да се справимат со моменталната бегалска криза, која се наведува во нацрт мислењето на Г-20, како една од заканите за растот.

Светската банка и другите банки за развој ќе направат „големи нови инвестиции во Блискиот Исток и Северна Африка, за да видат дали економскиот развој може да има влијание врз тамошната кревкоста, конфликтот, бегалците и хуманитарните кризи.

Покрај бегалската криза Г-20 го додаде и Brexit на листата на фрустрации, посочува уште „Bloomberg“. Во листата на потенцијалните ризици на седмата позиција е вклучен „шокот од евентуалното излегување на Британија од ЕУ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП