19 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 27-28.02.2016

Викенд хороскоп 27-28.02.2016

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Викендов ќе одморите и ќе соберете енергија за наредниот период. Големите планови ќе бараат ваш потполн ангажман и поради тоа искористете го овој викенд на најдобар можен начин. Можно е да отидете на пократок пат во место што се наоѓа покрај вода. Партнерските односи ви се добри.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Не бегајте од јавноста, туку обидете се да ги надминете проблемите со одговорно и храбро дејствување, зашто без оглед што во претходниот период се наоѓавте во мошне комплицирани околности, сепак со позитивното влијание на ѕвездите се очекува полека, но сигурно да го подобрите впечатокот.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Викендов ве очекуваат пријатни изненадувања. Можно е да добиете повик од странство од личност со која одамна не сте во контакт. Дури и најзборливите близнаци ќе останат без текст. Доколку сте во брак или постојана врска, обидете се да останете смирени и да не му се спротивставувате на партнерот.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Деновиве пријателите и љубовта ќе ви бидат на прво место. Освен што ќе сакате да се дружите, ќе сакате и пријатно да ги изненадите пријателите. Чувствувате дека сакате да направите нешто добро за нив и воопшто не очекувате тие да ви возвратат.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Викендов ќе бидете во полна форма. Доколку патувате, ве очекува убаво дружење. Останатите лавови ќе бидат во центар на вниманието, а тоа е токму она што ви ја храни душата. Елоквентноста ви е зголемена и ќе инсистирате на фактот дека вашето размислување е единствено правилно.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ако сте осамени, не очекувајте премногу од новото познанство. Личноста е нестабилна и не одговара на вашиот сензибилитет. Во душата носите некој позитивен немир кој што ве тера напред. Имате големи планови и не ви недостасува амбиција.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Деновиве ќе посакате да направите некои промени во домот. Во изминатиот период бевте премногу ангажирани околу работата и не можевте да се посветите на семејството. Финансиската ситуација ви е добра, но сепак внимавајте на трошоците. Зафатите што сакате да ги направите можат да чинат повеќе отколку што сте планирале.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Имате потреба да почнете да уживате во животот и да ви се случуваат само убави работи. Во текот на викендот ќе посакате да подарите нешто вредно на некој од вашите блиски. Меѓутоа, нема да сакате да го сторите тоа во тајност туку ќе имате потреба сите да дознаат колку сте дарежливи.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Викендов ќе бидете емотивно нестабилни. Не знаете што сакате. Од една страна имате сериозни планови за иднина, а од друга страна ве измачува минатото. Се наоѓате на раскрсница што да одберете. Свесни сте дека времето полека одминува и од вашите сегашни одлуки ќе зависат многу работи во иднина.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Конечно ќе успеете да се ослободите од обврските што ги имавте на професионален, односно интелектуален план, така што ќе можете слободно да се чувствувате и да се насочите кон другите области на животот. Всушност, поставеноста не ѕвездите укажува дека ништо нема да ве спречи во напредувањето, бидејќи со својот решителен и оригинален пристап ќе ги елиминирате и најкомплицираните искушенија.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Викендов ќе се обидете да се опуштите, но нема да ви успее. Ве очекува ненадејна посета од пријател кој ќе побара помош во врска со некој проблем. Вам работата воопшто не ви паѓа тешко, но во измината недела бевте пренатрупани со обврски и со радост го чекавте викендот. Постар член од семејството исто така ја очекува вашата помош.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Овој викенд ќе бидете изложени на ненадејни трошоци. Трошоците ќе бидат поврзани со убави нешта, но сепак се удар за вашиот семеен буџет. Можно е да одите на некоја семејна веселба на која ќе треба да се покажете во вистинско светло. Вие ретко одите на такви средби, но оваа нема да можете да ја избегнете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП