21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗAudi ќе пушти на пазарот R8 со помал мотор

Audi ќе пушти на пазарот R8 со помал мотор

spisak 00

Сегашната генерација на автомобилот „Audi R8“ ќе биде опремена со „V6“ мотор. Ова го пишува весникот „Autobahn“ кој што ги откри најблиските планови на производителот од Инголштад.

Според информациите, која била откриена од страна на раководството на „Audi“ пред американските дилери на марката, најдостапната верзија на „R8“ ќе биде готова во 2018-та година. Таа ќе се потпира на 3.0-литарски твин-турбо „V6“ мотор чија моќност ќе изнесува околу 425 КС.

Намерите на „Audi“ да вклучуват во својата плета вкупно 11 нови модели до крајот на 2017-та година ќе бидат со новата генерација на кросоверот „Q5“ и неговата спортска верзија „SQ5“, конвертибилниот „R8 Spyder“, „RS“-модификација на „TT“, новата генерација на хечбекот „A5“ (заедно со неа ќе излезе и верзија „S5“) и седанот „RS3“. Повторно оваа година ќе дебитираат нови варијанти на „Q7“ – помоќниот „SQ7“ и хибридниот „Q7 e-tron“.

spisak 01

Во 2018-та година освен „R8“ со мотор „V6“, германскиот производител ќе ги пушти и следните генерации на моделите „A6“, „А7“ и „А8“, како и целосно новиот кросовер „Q8“, чиј развој беше официјално потврден од раковдството на брендот.

За истата година е планирана и појавата на уште два нови модели, кои засега се познати под внатрешно корпоративните имиња „RSS Coupe“ и „C-BEV“. Првиот претставува „надуена“ верзија на основниот „TT“, а вториот е електричен кросовер, чија сериски опција ќе се наеркува „Q6“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП