6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-Benz го покажа C-Class Coupe AMG (фото+видео)

Mercedes-Benz го покажа C-Class Coupe AMG (фото+видео)

c43_coupe 00

Компанијата „Mercedes-Benz“ претстави помоќна „AMG“-верзија на купето „C-Class“. Таа ќе го носи називот „Mercedes-AMG C 43 Coupe“.

Модификацијата е управувано од 3,0-литарски твин-турбо V6 мотор, чија моќност е 367 КС, а максималниот вртежен момент достигнува 520 Nm. Моторот работи во комбинација со 9-степен автоматски менувач.

c43_coupe 01

Овој агрегат се наоша и во седанот „Mercedes-Benz C 450 AMG“, кој подоцна беше преименуван во „Mercedes-AMG C 43“. Возилото забрзува од 0 до 100 km/h за 4,7 секунди, а максималната брзина како кај седанот, така и кај купето е ограничена по електронски пат на 250 km/h.

c43_coupe 02

Спортското купе ќе се нуди исклучиво со систем за погон на сите четири тркала. Во станадртен режим моќноста меѓу двете оски се дистрибуира во сооднос 31:69 во корист на задните тркала.

Покрај тоа, моделот добил елемeнти од суспензијата на „Mercedes-AMG C 63 Coupe“, амортизери со 3 режими на работа, 3 брзински систем за стабилизација, како и систем за промена на режимите на моторот. Тие се вкупно 5, а 4 се фиксни, а додека едниот може да се постави по желба на возачот.

c43_coupe 03

Од стандардната верзија, кабината на „Mercedes-AMG C 43 Coupe“ се разликува по изгледот на предниот и задниот браник, новата решетка на ладилникот е со дополнителни амблеми, а исто така и по 18-инчни бандажи, кои со доплата можат да бидат заменети со 19-инчни.

c43_coupe 04

Засега не е познато по која цена овој модел ќе се продава на пазари, но се претпоставува дека возилото своја премиера ќе има на претстојниот саем во Женева, па тогаш ќе бидат познати повеќе информации.

c43_coupe 05

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП