30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБесплатно осигурување од Виенер со секој купен стан од Голден Арт

Бесплатно осигурување од Виенер со секој купен стан од Голден Арт

slikata 33

Во согласност со заложбите за обезбедување максимална сигурност и комфорт за своите клиенти, градежната компанија Голден Арт на овогодинешниот Саем на градежништво кој ќе се одржи од 1-ви до 5-ти март ќе претстави уште една голема поволност за сите купувачи на стан во нивните објекти.

Во соработка со реномираната осигурителна компанија Винер – Виена Иншуренс Груп, Голден Арт обезбеди комплетно и супериорно осигурително решение за сите свои клиенти. Имено, со купувањето на стан во објектите на Голден Арт, секој купувач добива подарок премиум полиса за целосно осигурување на домот и покуќнината од Винер Осигурување. Ова, заедно со максималниот квалитет на градба кој го нуди компанијата, обезбедува тотална сигурност за сите нови станари во објектите на Голден Арт.

„Деловната филозофија на нашата компанија уште од самиот старт се засноваше на обезбедување трајни стамбени решенија за граѓаните кои предвидуваат ниски трошоци за живеење, идеална квадратура на идеална локација и максимална сигурност и комфорт. Соработката со Винер е уште еден чекор во оваа насока – креирање дополнителна вредност за нашите клиенти и пружање најмногу за средствата што ги вложиле.“ – изјави во оваа прилика директорот на Голден Арт, Ивица Јакимовски.

Со над 150 вработени и 60 завршени објекти во Македонија и странство, Голден Арт е компанија која брзо се издвои на македонскиот пазар по сериозните капацитети и високиот квалитет на градба. Тоа го потврди и престижното признание „Македонски квалитет“ за 2015-та кое Сојузот на стопански комори и го додели токму на оваа компанија.

Во последниот период фокусот на компанијата е изведба на најсовремени објекти за домување, кои се одликуваат со највисоки стандарди на градба, најквалитетен градежен материјал и престижни локации. Сите информации околу комплетната понуда на Голден Арт и поволностите кои компанијата ги обезбеди за граѓаните, ќе можат да се добијат на штандот на компанијата на Саемот на градежништво, кој ќе се оддржи по 13-ти пат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП