16 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple се подготвува за претставување на нов 4-инчен модел?

Apple се подготвува за претставување на нов 4-инчен модел?

iOS-71221

Се повеќе се појавуваат гласини дека „Apple“ се подготвува да пушти на пазарот нов 4-инчен паметен телефон кој се очекува да го носи името „iPhone 5se“ и да е наследник на популарниот модел „iPhone 5s“.

Според други извори моделот ќе го носи името „iPhone 6c“. Од порталот „9to5Mac“ веќе претставија некои „рани шематски дијаграми“ на уредот. Тој многу наликува на својот претходник „iPhone 5s“ во однос на дизајнот. За разлика од него, сепак, новиот уред најверојатно ќе е со благо заоблени краеви, според „9to5Mac“. Тие, сепак, нема да се толку заоблени, како што е телото на моделот од серијата „iPhone 6“.

Како што информираат изворите, претставувањето на новиот уред ќе се случи на 15-ти март, заедно со новиот таблет на компанијата „iPad Air 3“. Смартфонот се очекува да биде претставен во две варијанти – со 16 и 64 GB RAM меморија, а најверојатно ќе има подобрена камера и ќе го поддржува стандардот „NFC“, како и популарните „live photos“ на „Apple“.

Смартфонот се очекува да е со имплементиран сензор за отпечатоци на „хоум копчето“. Според изданието „GSM Arena“, цената ќе е слична со онаа на моделот „iPhone 5s“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП