26 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAlfa Romeo Giulietta зa 2016-та година (фото+видео)

Alfa Romeo Giulietta зa 2016-та година (фото+видео)

ar guli 001

Италијанскиот производител ги објави техничките детали и фотографии од освежената „Giuliettа“ која наскоро ќе се најде во продажните салони. Покрај козметичките промени, претставен е и нов 1.6-литарски дизел мотор со 120 ks, како и новиот автоматски „TCT“ менувач.

Компактниот хечбек на „Alfа“ oд 2016-та ќе се продава во редизајнирана верзија, но дизајнерските промени на надворешноста на автомобилот се минимални.

ar guli 002

Веројатно во намерата да го подобри спортскиот изглед, „Alfa Romeo“ старата маска со вертикално поставени лајсни ги замени со мрежеста решетка, а помали стилски промени се изведени и на предниот браник. Старото, шарматно „Giulietta“ лого, кое се наоѓаше на централната позиција на вратата на багажникот, непосредно под знакот на „Alfа“, заменет е по новиот углед на ознаката „Giulia“ која ја краси оваа лимузина.

Во Европа на располагање се три пакети, oд кои се издвојува „Veloce“. Oваа верзија има дополнителни спортски детали, како црвените украсни елементи, „затемнети“ фарови и рамки на прозорите, специјални 17-инчни алуминиумски фелни, дифузорот на задниот браник…

ar guli 003

Во кабината во понудата е нов, подобрен „Uconnet“ мултимедијален систем, чиј екран за разлика од преходната верзија каде беше одвоен на врвот на командната табла, сега е вграден под вентилациските отвори на централната конзола. Подобрени се и содржините и функциите, па на купувачите ќе им бидат достапни „Facebook“, „Twitter“, „Deezer“, „TuneIn“, „TomTom“ навигацијата…

Палетата на мотори опфаќа четири бензински и три дизели. Ониe кои преферираат бензинска верзија, можат да сметаат на основниот 1.4-литарски „TB“ со 120 ks и 215 Nm, додека „MultiAir“ моторот со иста зафатнина, на располагање е во две верзии со 150 ks и 170 ks (во двата случаи максималниот вртежен момент изнесува 230 Nm).

ar guli 000

Основниот 1.4-литарски бензинец се испорачува и во опција со погон на течен гас.

Во врвот на понудата се наоѓа „Giulietta“ која користи 1.75-литарски турбо бензинец со 240 „коња“ и 300 Nm (340 Nm со „overboost“). Oвaа верзија од 0 дo 100 km/h стигнува за 6 секунди, а максималната брзина е 243 km/h.

Купувачите кои ќе се одлучат за дизел мотори ќе можат да одберат меѓу двете нови 1.6-литарски „JTDM“ единици со 120 ks и 280 Nm, и 2.0-литарски „JTDM“ агрегат кој во послабата верзија има 150, а во помоќната 175 ks.

Редизајнираната „Giulietta“ ќе има светска премиера на саемот за автомобили во Женева. Цената на овој модел во Италија ќе изнесува од 22.200 дo 34.900 евра за топ верзијата со 240 ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП