
Прототип на флексибилен паметен часовник беше претставен на технолошкиот саем „Mobile World Congress“ во Барселона, пренесе „The Verge“.


Прототип на флексибилен паметен часовник беше претставен на технолошкиот саем „Mobile World Congress“ во Барселона, пренесе „The Verge“.
Направа е со дисплеј со органски течни кристали, покриен со пластика, наместо со стакло, што го прави флексибилен, отпорен на удари, според британската компанија производител „FlexEnable“.

Должината на часовникот е 4.7 инчи (11.90 сантиметри), а дебелината на екранот е 125 микрони.

Мајк Банах, техничкиот директор во „FlexEnable“, објасни дека благодарение на технологијата ќе биде можно да се развијат и „флексибилни“ смартфони кои луѓето ќе можат да ги свиткаат и затвораат во џеб.
Паметниот часовник на „FlexEnable“ е само прототип и најверојатно ќе се појави на пазарот следната година, додека евентуалната цена се уште не е соопштена.